речник контакт

Хиперактивност и аутистичен спектар кај децата

АДХД и АСН мит или реалност,семинар одржан во организација на Центарот за стимулација, раст и развој ,,Старс,,

Петар Печков

АДХД и АСН мит или реалност, беше темата на денешниот собир одржан во организација на Центарот за стимулација, раст и развој ,,Старс,, од Велес. Предавачи беа проф. д-р Владимир Трајковски од Факултетот за специјална едукација и рехабилитација и Марко Ферек претседател на здружението ,,Будење,,.  За говореше за  аутистичниот спектар на нарушување и АДХД како хиперкинетски синдром. Или како се одвива работата на децата со аутистичен спектар и хиперкинетски синдром.

Работата со овие деца е со долг и макотрпен процес. Прво треба да се воспостави дијагноза, која е од страна на проф. Владимир Трајковски кој е ангажиран како надворешен соработник и има  ингеренции да воспостави дијагноза  кај дете. Ние ги детерминираме проблемите кои настануваат кај децата, ги  намалуваме паничните стравови и анксиозноста,  хиперактивноста. Пробуваме да ги извадиме   децата од аутистичниот спектар. Работиме дефектолошки и логопедски, користејќи ги најновите методи за работа, преку систем на комуникација со слики, примена на бихевиорална терапија, преку игра со точно насочена  активност и социјално  развиен прагматичен модел.  Логопедскиот дел се одвива преку стимулација на  развивање на говорот. Деца кои имаат АДХД немаат проблеми со говорот, туку во аграматизмот - кажа Александра  Јорданов дефектолог и  организатор на семинарот.    

На семинарот зборуваше и Марко Ферек,  носител на хиперкинетски синдром, има развиено Ферекова метода за работа со деца кои  имаат хиперкинетски синдром,  автор на книгата ,,Хиперактивни сонувачи,,. Тој зборуваше за личното искуство, бидејќи и тој е личност со АДХД синдром. 

Имав проблеми со  невнимание, концентрација, бев хиперактивен, немирен. Образованието, училиштето не беше доволно флексибилна да ги препознае моите интереси и потенцијалите. Училиштето често знае да биде кочница за овие деца и треба да се едуцираат и просветните работници и родителите за начинот како тие деца функционираат.  Тие деца не се роба со грешка, туку станува збор за различитост.  АДХД е недостаток на внимание- хиперактивно пореметување. Него го карактеризираат три главни симптоми- хиперактивност (деца кои имаат вишок енергија, деца кои не можат да седат на исто место подолго време), импулсивност (која бурно реагираат)  и невнимание (децата не можат да се концентрираат, мислите им летаат).   Тоа се и човечко карактеристики, но  кај овие деца се посилно и поекстремно изразени, ги доживуваат секојдневно, не е период од животот - кажа пред присутните Ферер. 

Проф. д-р Владимир Трајковски  проф. на Филозофски факултет, Институт за специјална едукација претседател на македонското научно здружение за аутизам, зборуваше за сензорската пречувствителност и за методите во специјалната едукација на аутистичен спектар на нарушување.   

 Сензорните нарушувања се јавуваат во огромен процент кај лицата со аутизам, во било кое од седумте сетила. Ги објаснив главните нарушувања кој кај децата со аутизам  одат или во хипо или во  хипер сензибилност. Ги обработив и стратегиите по кои родителите или дефектолозите треба да работат,  кога ќе препознаат дека детето има одреден тип на сензорно нарушување. Дадов и  одредени алатки, кои доаѓаа од западниот свет за да се помогне  на овие деца од аутистичен спектар. Што се однесува за методите на докази  кои се користат во специјалната едукација и рехабилитација, ја анализирав  ситуацијата за  социјалните нарушувања, когнитивните нарушувања во училница. Како во една училница да се справат до детето кое покажува предизвикувачко однесување и   за методите кои научно е докажано дека има подобрување во развојот на детето со аутистичен спектар - рече  проф. др. Трајковски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »