Петар Печков
Објавено: петок, 13 февруари 2015
Меѓу петте учеснички на годинешнава манифестација ,, Вешта жена на Велес ,, победи Цвета Чутрова. Таа се претстави со маса наловена ,, Златна свадба,, каде имаше солен куглов, динстувано свинско, специјалитет од див зајак , солен ролат, торта со златна круна.
Инспирација за масата е јубилејот на моите родители и на мојот сопруг. Тие годинава одбележуваат 50 години од свадбата и затоа им ја посветив нив, на двата пара подеднакво. Ме радува што победив токму со вака поставена маса - вели Чутрова, која учествува по трет пат на манифестацијата, која се одржа во Розе сала.
Меѓу учесничките беше и велешката снаа, родена Украинка, Анжелика Димовска, која четири години живее во Велес. Таа се претстви со ,,Цветна маса,, и украински специјалитет пелмени.
Таа годинава се одржа по јубилеен 20-ти пат. ,,Вешта жена, е во организација на истоименото здружение од Тетово и Организација на жени од Велес. Победникот се избира од жири комисија од пет члена, кога го дегустира главното јадење, тортите се продажни а средствата за учесничките, за подготовката на храната.
Tweet |