Петар Печков
Објавено: четврток, 07 мај 2020
Волонтерите на Општинскиот црвен крст Црвен крст Велес во текот на оваа недела ја поделија донацијата од 151 пакет со прехранбени производи. Истите се добиени како донација од Фондацијата институт Отворено општество. Истата беше наменета за лица и фамилии во социјален ризик од ромска етничка заедница.
Црвениот крст останува и понатаму активен на терен. Секоја донација е добредојдена и истата се распределува во соработка со Меѓу општинскиот центар за социјални работи и Општина Велес - потсетуваат од ОО на Црвен крст Велес.
Со поделбата на овие пакети бројот на помогнати граѓани во текот на корона кризата е над 400.
Tweet |