речник контакт

Шест автопревозници кaзнети пoради прекубројност на патници

Во автобусите имало и по 14 патници повеќе од пропишаното

Петар Печков

Во понеделникот во акција на  Државниот инсепкторат за сообраќај, на  наплатната рампа Отовица, од автопатот Велес – Скопје  биле казнети шест авто превозници. Кај нив било констатирано дека имаат поголем број од  дозволениот  на  патници, поради што им се изречени парични казни од по 500 евра.

 Ова беше редовна, планирана  акција, за безбедноста на патниците  во автобусите. Имаше случаи каде беа регистрирани и по 14 патници повеќе од дозволеното. Тоа може да влијае на безбедноста при возењето, па поради тоа шест превозници се казнети. Тие се од различни градови, кои качиле  прекубројни патници  од Велес – изјави  Руфат Хусеин директор на   Државниот инспекторат за сообраќај. 

Од друга страна реагираа патниците од Велес,  кои се качиле  од Автобуската станица, бидејќи таму имало голема навалица во утринските часови, и со цел тие навреме да стигнат на работа  и на нивно инсистирање, превозниците  решиле да ги превезат до Скопје. За подоцна да бидат казнети.

Ако не не качеа утрото или некои од нас ќе здоцнеа на работа, други на факултет, трети на лекарски закажан преглед. Беше продолжен викенд, голем број на патници се враќаа за Скопје и беше многу тешко да се најде место, па шоферите се смилуваа и не качија – велат дел од патниците кои биле сведоци при изрекувањето на казните, за прекубројност во автобусите.

Нормализирање на  утринските гужви на Автобуската станциа во Велес се очекува од почетокот на наредниот месец, кога ќе започнат да функционираат новите автобуски линии по  конкурсот за нивна распределба кој заврши неодамна во Министерството за транспорт и врски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »