Петар Печков
Објавено: петок, 06 ноември 2020
Бројките на лица позитивни во јавните институции во градот е во пораст.Ова е збирната информација за вкупниот број заразени.
Во Болницата има четворица доктори двајца на интерно, еден психијатар, еден доктор секундарец на одделот за анестезија. еден фармацевт, три медицински сестри, три рендген техничари.
Во Здравен дом има 10 позитивни, меѓу нив три доктори, две медицински сестри и тројца возачи сите од Итната помош.
Во ЈКП Дервен имало шест позитивни случаи и 15 во самоизолација , во општинската администрација три и петмина во самоизолација, во противпожарната има четири лиза во самоизолација, два во СВР Велес.
Позитивни има и во училиштата шест ученици од основно образование и едно дете во градинките, пет воспитувачки и пет наставници. Во самоизолација се 74 деца ученици и 19 од градинка и по пет наставника и воспитувачки.
Во велешко до вчера имаше 578 активни случаи на коронавирус. Денес до пладне во велешката Болница хоспитализирани се 69 пациенти, дел на Инфективно, дел на Интерно одделение, 56 се потврдени позитивни.
Tweet |