Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 декември 2016
Екологистите од ЕД Вила Зора побраа од локалната власт да преземе мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Велес. Тие поднесоа барање до Општина Велес, кое се темели на измерените вредности на прашина и чад во воздухот изминатиот период.
Врз основа на законските одредби, општина Велес треба да препорача мерки за намалување на загадувањето после 10 дена континуирано загадување на воздухот, но за жал и после 15 дена не сме виделе никаква реакција од надлежните институции. Оваа година општина Велес е најчесто втора или трета општина по загаденост во Македонија. Концентрациите на штетните PM10 честички се и до девет пати над дозволеното, што не беше случај минативе години. Бараме, под ИТНO општина Велес да донесе мерки за намалување на загадувањето на воздухот, кој е најзагаден во попладневните и вечерните часови, со цел да се намали штетното влијание на токсичните агенси врз здравјето на луѓето. – напишаа од ЕД Вила Зора.
Тие потсетуваат дека покрај белодрoбните заболувања, врз основа на извештаите од СЗО загадувањето на воздухот е причинител на зголемен број мозочни удари и срцеви инфаркти,. Со цел да се заштити здравјето на велешани, апелираат на брзи и ефикасни мерки.
моменталнта состојба на квалитетот на воздухот можете да ја следите на оваа веб страна на Министерството за животна средина
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=2
Tweet |