Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 февруари 2016
Вторник и среда пред велешани ќе биде прикажан играниот филм ,,Татко,, на Висар Морина.
Филмот е минатогодишно производство, а е работен како Германско -Косовско - Македонска копродукција. Преку 10-годишниот Нори, ТАТКО дава специфичен приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и ги поднесува потезите на судбината без за тоа да се жали. Но, по раната смрт на неговата мајка, не сака да прифати да биде напуштен и од неговиот татко Гзим.
Нориевата детска истрајност покажува екстремна длабочина. Нешто што се издигнува над политичкиот контекст на Косово или приказната на бегалците. Приказната ја води уникатниот лик на Нори, кој мора прерано да созрее. Улогите во филмот ги толкуваат: Астрит Кабадаши како таткото и Вал Малоку како синот.
Филмот е учесник на неколку фестивали и награден : за најдобар актер на Фестивал во Задар, Хрватска, 2015 Награда за најдобра режија на Меѓународен филмски фестивал, Карлови Вари, Чешка, 2015 Награда „New German Cinema Talent“ за Најдобра режија, Најдобро сценарио и Најдобар актер на Филмски фестивал во Минхен, Германија, 2015.
Петок и сабота ќе биде прикажан играниот филм ,,Три дена во септември,, на Даријан Пејовски. Главни Улоги се на Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Милица Стојанова, Адем Карага, Салаетин Билал . Три дена во септември е психолошки трилер во кој се говори за импликаците од семејното и сексуалното насилство. Јана и Марика се запознаваат во воз и бргу се зближуваат.
Одат на село, во изолиран планински крај што крие многу тајни за минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомнежот за нивните вистиснки намери е сé посилен. Една по една, тајните се откриваат. Филмот е учесник на следните фестивали: Фестивалот на европски филм – Синедејс, Македонија, 2015 Филмски фестивал Котбус, Германија, 2015 „World Film Festival“, Монтреал, Канада, 2015, Фестивалот во Чикаго и деновиве е учесник на ФЕСТ во Белград.
Tweet |