Петар Печков
Објавено: вторник, 27 септември 2016
Драмскиот театар од Западен Казахстан од Урал, Казахстан доби три од четирите награди на Фестивалот на Античка драма ,,Стоби,,. Претеставата ,,Тројанки,, доби Гран При, за најдобра претстава на фестивалот, додека Куандик Касимов за режија а Бибигул Исалиева како Хекуба за најдобра женска ролја. За најдобра машка улога награда доби Дамјан Цветановски за улогата на Хад во ,,Жени во подземјето,,.
Ова беше одлука на жирито во состав Атила Клинче, Дејан Дамјановски која претседателката Катерина Коцевска, ја соопшти на сцената на велешкиот театар, на затворањето на 15-тото издание на Фестивалот.
Коцевска за наградените само кратко рече дека ,,Имавме можност да одгледаме седум одлични претстави во натпреварувачка конкуренција а одлуките беа едногласни,,.
Наградите на Казахстанците ќе им бидат испратени преку дипломатското претставништво. Ова е втора победа за театарски ансамбл од оваа поранешна Советска република. Пред две години, во 2014-та највисоката награда на Фестивалот замина за Казахстан, тогаш за претставата ,,Медеја,, на Музичкиот и театарски центар Ајгил Иманбаева.
Во чест на наградените беше изведена премиерата на претставата ,, Тесната лесната и бесната,, од Дејан Дамјановски, работена по текстови на македонски еротски приказни, запишани од Цепенков. Во рамките на Фестивалот беа прикажани девет претстави, две надвор од конкуренција за награди, три беа гостувања од странство, од Казахстан, Бугарија и Србија.
Публиката виде и една фестивалска премиера на ,,Антигона и Креонт,,. ФАД Стоби финансиски беше поддржан од Општина Велес и Министерството за култура со по 1,2 милиони денари и годишната програма беше најобемна, споредено со досегашните фестивали.
Поради реновирање на театарот во археолошкиот локалитет ,,Стоби,, годинава по втор пат Фестивалот се одржа во Велес, во затворено во зградата на театарот. Организаторот најавува дека доколку завршат градежните работи, ,,Стоби,, до година,, ќе се врати на старата локација.
Tweet |