речник контакт

Ајде да го избереме настанот која ја обележа 2010-тата година

Одберете еден од седумте кои влегоа во потесниот избор

Петар Печков

Ваква и таква, 2010-тата замина во историјата. Останаа многу настани убави и помалку убави. ТРМР заедно со вас посетителите ќе се обиде да го избере тоа по што ќе ја помниме.

Од морето на настани:  Мирана најдобро мало претпријатие во Македонија,  Фестивал на храната на хотел Романтик, нов супермаркет на ТУШ кај Брако, Вазрели на изложба во Велес заедно со дел до светските поп-арт уметници, Зафирчев уметнички директор на велешкиот театар,  метеор го осветли велешкото небо на 12 ноември, првата ендуро брзинска трка  во Македонија на езерото Младост,  египетскиот мршојадец се врати во велешко, по 40 години протече Маалска чешма, в затвор првиот доктор за грешка при породување на пациентка со смртни последици, Железниот мост со пешачка патека, одбравме неколку за кои можете да гласате.

Гласате за: питијадата на нов простор и нов термин, концерт на групата Соната за 10 години постоење, децата од градинките го нацртаа најдолгиот цртеж во Македонија, засадени 7000 рози да  ја чистат велешката загадена почва од тешки метали, велешани сами собраа пари за продолжување на судскиот процес против Топилницата, по 18 години обновена Вардарската регата, Девис куп во Велес Македонија БиХ

Имате еден месец кога ќе можеме да го прогласиме настанот на 2010-тата. Гласањето е бесплатно само со еден клик на анкетата, не се плаќа скапа тарифа за телефонско гласање, ниту се испраќа по пошта со 16 денари марка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »