Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 април 2016
Одбележувајќи ја годишнината од смртта на 14-та мигранти, кои настрадаа во железничка несреќа на 24 април минатата година, 12 месеци подоцна на нивната заедничка гробница, на гробиштата во Раштани, беше поставено спомен обележје на кое има стих од Светиот Куран. Во спомен на загинатите беа засадени и 14 чемпреси.
Многу е тажно, луѓе кои поради својата безбедност ја напуштиле својата земја, дошле во безбедна земја и токму тука ги изгубиле своите животи. Тоа беше тажен ден за човештвото. Се молам за животите на настраданти но и за нивникте семејства да најдат мир и спокој - рече Мохамет Ариф, претставник на УНЦХР, кој изрази благодарансот до локалната власт до преставниците на НВО секторот и хуманитарката Ланче Здравкин за помошта за одбележувње и погребување на загинатите.
На комеморацијата оџата Сефедин Селимовски одржа молитва за душата на загинатите. Од 14-те загинати миграни, идентификувано е едно лице,17 годишниот Халил Панахи од Авганистан, чија фамија, татко и мајка на пропатување низ Велес, го препознале според фотографијата.
Останатите 13 засега се без име и презиме. Истрагата по сведочење на присутните открила, дека до несреќата дошло откако две групи бегалци, Авганистанци и Сомалијци почнале меѓусебно да се каменуваат, па не го забележале возот кој доаѓал, по што 14 лица загинаа.
Tweet |