Петар Печков
Објавено: среда, 26 декември 2012
Во велешката библиотека ,,Гоце Делчев,, во тек е зимскиот Новогодишен Саем на книги. Повеќе од илјада наслови на осум издавачи нудат нови хит книги, но и постари до попуст до 40 отсто. Издавачки куќи Три, Просветно дело, Мартина Комерц, Наша Култура, Феникс, Матица , Култура за велешките љубители на пишаниот збор ги понудија атрактивните наслови, повод за добар Новогодишен подарок. Саемот имаше и промоција на книга, беше претставено делото на писател Бобан Богатиновски ,, Лет 555,,.Саемот ќе трае до петок.
Tweet |