речник контакт

Ослободителна пресуда за членовите на ВМРО - НП по расколот во Велес

Двајцата членови на раководството на ВМРО- НП се ослободени од обвинението дека на нивна поранешна колешка и ја ,,загрозиле сигурноста,,

Петар Печков

Слободан Близнаковски координатор  на третата Изборна единица за ВМРО- НП и Зоран Арсовски претседател  на ВМРО – НП за Велес не го сториле делото кое стои во обвинителниот акт и со ниту еден доказ во постапката тоа  не е потврдено, пишува во пресудата.

Пресудата деновиве е писмено доставена до странките во предметот. Близнаковски и Арсовски изразија задоволство од првостепената пресуда. Според обвинението на 13-ти и 14-ти април, минатата година  во два наврати во саботата Арсовски дома кај неа  а потоа и Близнаковски во неделата на партиски состанок, и се заканиле на советничка Рајна Стојанова да  го врати мандатот.

Во текот на доказната постапка ниту еден од сведоците присутен  на партискиот состанок на ВМРО -НП ОК Велес не потврди дека се изречени закани  кон Стојанова. Напротив таа тврдела дека добивала закани од другата страна. Советничка Стојанова,  беше на листата за советници  на коалицијата на опозицијата, за неколку дена по изборите да  премие во власта.

Близнаковски ми се закани со зборовите ,,Ти и твојата фамилија ќе бидете искоренети, ќе дојдат специјалци од Бугарија ако не го вратиш мандатот. Арсовски дојде дома и ми се обрати со зборовите:  Љупчо Георгиевски те поздрави и ќе дојдат специјалци поради тебе. Точно на состанокот кажав дека имам притисоци и причини поради кои преминав во советничката група нa ДПМНЕ. Но тоа не можам јавно да го кажам, оти зафаќа повеќе личности. Нив не ги гонам оти тие не ми се закануваа по живот  – изјави Стојанова при сведочењето. 

Таа побара извинување од обвинетите по што  ќе се откаже од гонење. Близнаковски и Арсовски понудата ја отфрлија. ,,Ако се извиниме прифаќаме дека  сме се заканувавме а ние такво нешто на направивме,,.  Тие во нивна одбрана тврдеа дека Стојанова се жалела дека прима закани, но од другата страна

Рајна се пожали дека примала притисоци од политички лица од Велес, кои нема да ги споменам. На состанокот побарав од оштетената поради притисоците да го врати мандатот и така самата да се поштеди. Таа одговори дека не може да постапи поинаку и  дека мора да премине во ДПМНЕ – изјави   Слободан Близнаковски во негова одбрана. 

И тој и Арсовски отфрлија дека ги изрекле зборовите, кои Стојанова им ги припишува. Ден претходно во домот на Стојанови бил претседателот на велешкиот ВМРО- НП.

Рајна не повика ден пред состанокот дома. Кога влегов видов уплакани луѓе, Рајна и мажот и распаметени, вознемирени, потресени, помислив на најлошото, оти ние бевме куќни, блиски  пријатели.  На состанокот во неделата  побаравме да го врати мандатот, одговори дека не смее оти била под голем притисок - изјави  Зоран Арсовски претседател на ОК на ВМРО- НП. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »