речник контакт

Полицијата осомничи петмина велешани дека го подметнале пожарот на ридот Гроот

Огнот зафати 300 хектари површина, најмногу сува трева, но и лозја, овошни дрвја и помошни ѕидани простории

Петар Печков

СВР Велес ги  осомничи лицата  А.К.(48), Ј.Т.(42), Т.Т.(46), В.Н.(59) и Љ.К.(71), сите од Велес за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тие на 6-ти  септември  годинава, кај месноста викана  „Чести Дрва“ во подножјето на ридот  Гроот  го предизвикале пожарот.

  Оваа група соседи и пријатели, а Ј.Т и Т.Т браќа,  се упатиле на лозјето сопственост на Љ.К. со цел да берат грозје.  Околу пладне седнале да се одморат во близина на куќарката но  од невнимание предизвикале пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 300 хектари. При тоа пожарот кој гореше два дена освен сува трева изгоре и  лозја, овошни дрва и неколку помошни ѕидани објекти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »