Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 септември 2012
Во неделата ноќта околу 22,30 часот на автопатот Велес – Гевгелија, во близина на населбата Градско се случила сообраќајка помеѓу автомобил голф и мотор кавасаки на кој биле брачен пар од Неготино, соопштија од МВР, при што тешко е повредена мотористката.
До сообраќајката дошло кога автомобил голф управуван од Ш.Е. ( 37 год) од селото Водоврати му попречил движење на моторот кој со голема брзина се движел по автопатот и немал време да закочи или го избегне автомобилот. Поради силината на ударот сопатничката од моторот, П.О. (41 год) летнала во воздух а при падот се здобила со сериозни повреди на главата. По ова таа била згрижена во велешката болница, по што итно е префрлена во Клинички центар во Скопје во тешка здравствена состојба. Нејзиниот сопруг пак кој управувал со моторот, откако минал една ноќ во болница е пуштен на домашно лекување.
Tweet |