речник контакт

Со две премиери, завршува годинешниот Стоби

,,Антигона и Креонт,, недела вечер премиерно, понеделник ,,Лесната, бесната и тесната,,

Петар Печков

Со   премиерата на ,,Антигона и Креонт,, недела вечер завршува  натпреварувачкиот дел  на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,.   Работена  е според  делата на  тројца  автори Софокле, Жан Ануј и  Миро Гавран, во режија на  Нела Витошевиќ  а во заедничка адаптација на  режисерката  со Ивана Нелковска.  

Тоа  е   претстава на   Театарот навигатор Цветко и  Кино Култура. Темата е борбата  на    помеѓу отпорот и власта,  прикажани преку  индивидуалната борба за  правда на  младата Антигона, наспроти аристократското владеење на нејзиниот вујко  Креонт.  

Оваа наша приказна погледната од ова ново време , се соочуваат три различни Антигони со тројца  различни  Креонти. Секој со својата вистина, но со еден ист без временски проблем –апсолутната моќ на владетелот, наспроти слободата на  поединецот – вели режисерката  Витошевиќ.  

Во  претставата настапуваат Зоран Љутков, Симона Димковска, Благој Веселинов,  Ивана  Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ и Наталија Теодосиева. Сценографијата е на Васил Христов а костимите  на   Роза Трајческа.  Сабота вечер  пак    гостува театарот Сфумато од  Софија, со претставата ,,Медеја мајка ми,,  од Иван Добричев, кој  е воедно и режисер заедно со Маргарита Младенова.     

Со премиерата  на ,Лесната, бесната и тесната,, понеделник вечер  се затвора годишниот Фестивал  на античка драма ,,Стоби,,.  Тоа претстава која е работена по неколку македонски еротски приказни,  во режија и драматизација на Дејан  Дуковски  кој ги пронашол во книга на  Кирил  Пенушлиски а своевремено  ги запишал Марко Цепенков. Се работи  за лесна и мобилна претстава, која ќе можат  да ја  следат гледачи со плус 16 години возраст. 

 

Основното прашање  врз кое се базира нашата претстава е дали ,,еросот,,  е срамен?    Во претставата обработувам   теми, за кои се срамиме да зборуваме иако  се присутни во фолклорот низ годините.  Насловот е земен  од  една  од  приказните. Јазикот во  претставата е  послободен, специфичен и наменет за повозрасна публика.   Тоа се македонски приказни  со еротска содржина, прераскажувани низ годините и вековите -  изјави режисерот Дамјановски, кој одамна имал идеја и посакувал да ја изработи оваа претстава.

Во неа настапуваат Соња Стамболџиоска,  Александар Павлова,  Емилија Мицковска,  Фаик Мефаилоски и  Мики Анчевски, додека дизајнот и костимографијата се на  Катерина Чукниева.

Претставата е продукција на ФАД Стоби и   за неколку дена  ќе се игра во Лерин,  на 28-ми септември, во рамките  на меѓу граничниот проект ,,Дамите на езерото,,.  

Пред почетокот на претставата, жирито ќе ги соопшти наградените и  ќе бидат врачени наградите ,,Афродита,, за режија, машка и женска улога и претстава во целина од ФАД Стоби. Жирито во состав Атила Клинче, Дејан Дамјановски и Катерина Коцевска ќе ги избере најдобрите од седумте одиграни престави   во натпреварувачка конкуренција од фестивалот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »