речник контакт

Учениците од седмо од Блаже Конески, сами си го уредија кабинетот по математика

Преку повеќе настани, кои сами ги организирале, современо е уреден кабинетот по математика, без да се бараат пари од родителите

Петар Печков

Учениците од седмо одделение при ОУ Блаже Конески од Велес сами си го уредија кабинетот по математика во современ простор, каде ги има сите услови за висококвалитетна настава.  Ова активност беше во рамките на проектот,, Современа математичка училница,, реализиран од предметниот наставник Јованче Манасков,  кој траел од  април минатата години, а при неговата реализација не побарале ниту денар од своите родители.

Тие преку училишните  и вон училишните содржини  собирале средства, за од ова полугодие да  учат во училиштен простор, на кој можат да позавидат и многу подобро опремени  и стоечки средни училишта во земјава. Се започнало минатата пролет, кога учениците добиле практична математичка задача да  ги пресметаат сите површини во училницата.

   За да ја извршиме поставената училишна задача меревме, претворавме од помали во поголеми единици мерки за должина и површина или обратно да намалуваме. Извршувавме операции со децимални бројки, пресметувавме плоштина, со еден збор учевме во пракса. Така голем дел од предметот математика, целта наставна програма   ја опфативме на еден многу интересен и за нас привлечен начин. Потоа добиената задача сами ние учениците ја проширивме за да видиме колку средства ќе ни требат за да ја уредиме училницата. Одевме до продавница во продавница, прашувавме, баравме најдобри цени, некаде и прашувавме дали ќе ни дадат попуст, на што продавачите ни се насмевнуваа. Така заврши минатата учебна година, кога на хартија ги имавме сите податоци за училницата, но и колку средства ни требаат – велат учениците од седмо одделение при ОУ Блаже Конески.

Со првиот ѕвон на новата учебна година, кај децата се јавила желба тие сами да си ја уредат училницата и тоа преку собирање на средства. Но не од родителите, туку преку организирање на различни содржини.

  Бев изненаден кога учениците излегоа пред мене со конкретен план, дека сакаат тоа што лани го сработија, сега да го примената во пракса. Им кажав дека не доаѓа во предвид да се собираат пари  родителите. Тие рекоа дека пари ќе собираат преку разни манифестации. Така организираа добротворна аукција, каде се продаваа предмети и храна која ја изработија тие со помош на родителите. Аукцијата беше одржана во преполната сала на училиштето имаше многу гости и по системот кој даде повеќе се продаваа изложените работи. Потоа организираа и шоу ,,Јас имам талент,, каде учествуваа  дел до учениците, некои со песни, други со скечеви, имаше и театарска претстава. Така  собраа пари и се премина на уредување на кабинетот –вели предметниот наставник Јованче Манасков.

Интересно било кога дошле од изведувачите да работат и  дознале  на кој начин се собрани средствата, тие дале голем попуст на работите.Па така освен нов под, префарбување на просторијата, таа добила и нов ЛЦД телевизор, завеси, нова врата и има целосно нов лик.

Од училиштето останале само клупите и компјутерите, се друго е ново и обезбедено со сопствено учество од страна на учениците.  По ваквиот нов лик на кабинетот, во него е сместена новата интерактивна табла  подарок од општината. Наместо старата зелена на која се пишуваше со креда, сега се работи  на современ начин. Затоа и со посебна почит се однесуваат кон училницата и љубоморно ја чуваат од оштетувања.

Нешто повеќе за сите активности од проектот можете да видите и преку видео материјалот на http://www.youtube.com/watch?v=nArz0POCRQU&feature=youtu.be

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »