речник контакт

Шестиот кат, премиерно во велешки театар

Случки на плејада јунаци од секојдневието, железничари, келнери, судии, службеници, студенти,професори, на сите кои сонуваат за еден поинаков, посреќен свет

Петар Печков

Четврток вечер во 20ч. во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот премиерно ќе биде изведена претставата ,,Шестиот  кат,, работена по раскази   на Драги Михајловски а во режија на Деан Дамјановски. Ова е претстава од минатогодишната програма, која  премиерата   ќе ја има  годинава. Режисерот започна да ја подготвува во август лани како гостин, за сега да биде дел од екипа на театарот.  

Подготовката на претставата  во два дела, фази. Во првата читачката, во летото имаше една поставка, потоа во последните месец дена друга. Развојот беше со помош на актерите.  Со директорот Витанов  одамна имавме цел да ја поставиме. Ликовите на Михајловски  ги прилагодиме на креативноста  и наклоностите на актерите. Публиката ќе види  богатство од ликови, карактери и ситуации но и визуелно и звучно богати сцени.  Како и случки на плејада  јунаци од секојдневието, железничари, келнери, судии, службеници, студенти,професори, на сите кои сонуваат за еден поинаков, посреќен свет - изјави режисерот Дамјановски.

  Ова е негова петта претстава  во велешки театар, последна како хонорарен режисер  а прва како вработен. Премиерата на претставата е  седум месеци подоцна од почетокот поради отворањето на новата театарска зграда, објасни уметничкиот директор и актер Васил Зафирчев, кој ја толкува главната ролја.  Сценографијата е на  Кирил Василев, костимите на Елена Дончева а авторската музика е на Сашко Костов.  Во претставата настапува безмалку целиот ансамбл на велешкиот театар. 

Задоволство е што по два месеци ја имаме новата премиера во новата театарска зграда. Расказите на Михајловски да се постават беа идеја од пред шест седум години. Разговаравме со различни режисери и еве со Дамјановски дојде време  да ја реализираме. Расказите по својот амбиент, по внатрешното чувство, дејствие наликуваат на расказите на Чехов. Имаат убава приказна, едноставни, ликови, секојдневни ситуации - рече директорот Ордан Витанов, кој  е дел  од актерската екипа во претставата.  

Тој и режисерот Дамјановски очекуваат дека претставата ќе има долг век на гледаност и ќе ја освои  публиката. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »