Петар Печков
Објавено: вторник, 04 октомври 2016
Заврши уште една летна туристичка сезона покрај езерото Младост. Не може да се каже колку гости имаше, бидејќи никој не ги брои и нема нивно регистрирање. Но евидентно е дека тоа беа посетители кои преку викенд доаѓаа на вештачката акумулација близу Велес. Факт е дека ти имаше во голем број. За тоа сведочат од спасителната служба, чии членови се грижеа за безбедноста на посетителите.
Летово најмногу гости имаше преку викендите и празниците. Тогаш беше преполно, Интересно е што повеќе гости беа oд соседните градови, Скопје, Штип, Куманово а најмалку од Велес. Немаме објаснување зошто е тоа така и каде велешани се освежуваa на летните горештини – вели Ангел Пановски претседател на Здружението за безбедност на вода и планина ,,Македонски спасител,, од Велес.
Тој ги пофали присутните, дека годинава немале интервенции за спасување на капачите. На бреговите од езерото доаѓаа повеќе млади, како и семејства кои тука одмараа.
Годинава се уреди дел oд крајбрежјето, се поставија летниковци, клупи, маси, корпи за отпад. Така што е средено и пристојно место за викенд одмор. Водата беше пријатна и топла, чиста, идеална за деца - вели Димитар Тодоровски гостин од Скопје.
Локалната власт годинава потроши 6 милиони денари за уредување на појасот околу езерото, поставени беа 88 клупи, 29 маси, 31 корпа за отпадоци и 41 настрешница. Се уреди простор на околу 1,7 илјади метри квадратни доби кој доби нов лик, се постави урбана опрема за одмор на гостите. Тие пак бараат паркинг за автомобилите, осветлување и уредување на плажите. Порака која локалната власт треба да ја реши за до година. Од Центарот за Јавно здравје од Велес со дополнителни ,,домашни задачи,,.
Потребно е крајбрежниот појас санитарно хигиенски да се уреди. Да се постават санитарни јазли, чешми и правилно да се отстранува цврстиот отпад за да не влијае на водата – изјави д-р Снежана Петрова од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, неодамна пред велешките советници.
Езерото Младост вештачка акумулација во близина на Велес, со својата атрактивна локација секоја година привлекува голем број туристи и посетители но и транзитни туристи на минување, од и кон Грција, кои отседнуваат во хотелите.
Tweet |