речник контакт

По Вардар до Гевгелија запловија кајакари рекреативци од Балканот

Во чест на сесловенските просветители, се освојува Вардар со кајак кану чамци

Петар Печков

Педесетина кајакари рекреативци запловија  по Вардар од Велес до Гевгелија во спомен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Освен од Македонија имаше учесници  од Балканот, од Бугарија и Србија како и еден Германец. Три дена тие со кану чамци, рекреативно   ќе ја минат реката во должина од 120 км.

  Ова регата е од меѓународен карактер и доаѓаат гости   каде  браќата Кирил и Методиј оставиле трга со нивното писмо, глаголицата. Ова е трета по ред, и  таа нема натпреварувачки карактер туку спортско рекреативна. Учесниците пловат исклучиво на кајак кану чамци, не со гумени чамци кои половат со помош на мотор  – вели Александар Костов организатор на регатата.

Учесниците ќе спијат  близу  локалитетот Стоби и  во Демир Капија.  Со сопствени средства преку котизација обезбедена е храната а саи носат шатори за спиење.  Меѓу учесниците, трета година по ред е Бугаринот  Никола  Христов,

За мене е важно што организаторот одлично не дочекува. Вардар ви е национално богатство и прекрасно е чувството да е плови по него.  Имаме многу пријатели од Европа  кои исто пловат по река, и сакаме да ја популаризираме регатата и Вардар да  има многу повеќе гости – рече  Христов од Софија.

Tој има минато 150 илјади км по реките на Европа и 20 пати го има минато Дунав со кајак од Германија до Црното море.  Тоа е најдолгата и најголемата реагата во цел свет. Трета година на оваа македонска регата доаѓа и Србинот Дејан  Јовановиќ од Белград.

За разлика од останатите реки Вардар има една карактеристика која ја нема  на друго место. За мала должина од стотина километри  таа има повеќе карактеристики, на мирни води, диви, води, минува низ рамница, покрај лозја, низ клисури. На ова регата има се што се случува на одвоени три – четири различни патеки. Тука имаме комбинација од различни искуства на едно место  и тоа е голема предност  – вели Јовановиќ.

Тој има често пловени и по Дрина и Дунав и има големо искуство  возење од реките во Европа.  Меѓу гостите беше и Германецот Маер кој  плови по Вардар втор пат, задоволен е од организацијата  од пречекот, но му паѓа во очи големиот смет по реката од пластични шишиња.  На учесниците пријатен пат им посака д-р Горан Јовиќ заменик градоначалник на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »