речник контакт

Четири жители од Долно Караслари измамиле 11 бегалци од Сирија

Полицијата поднесе кривични пријави,обвинителството спроведува постапка

Петар Печков

Четворица жители на велешкото село  Долно Караслари измамиле 11 емигранти бегалци од Сирија. Настанот се случил  на  24 октомври.

Полицијата кратко информираше дека поднела кривични пријави за измама, додека од обвинителството најавија дека  спроведуваат постапка   против четири лица македонски државјани за,,измама,, и ,,лажно претставување,,.

Оштетени во предметот биле 11 државјани на Сирија кои минувале низ  Македонија како емигранти, на пат кон Србија. Лицата кои го сториле делото се  од село Долно Караслари, кое е близу автопатот Гевгелија – Куманово,  и  се на возраст од 21 до 34 години.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »