Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 ноември 2016
Нивото на вештачката акумулација ,,Лисиче,, есенва е на ниско ниво. Минувачите кои биле изминатиот период во овој предел на велешко, изненадени што водостојот е така низок.
Тие стравуваат дека тоа може да се одрази на водоснабдувањето на градот со вода за пиење, но и со поливањето на околните земјоделски површини. Од ЈПВ ,,Лисиче,, објаснуваат, водостојот на езерото е низок, и тоа е контролирано а во овој период нивото ен езерото е оптимално.
Оптимално полнење подразбира да ја полниме акумулацијата така што во овој момент имаме на располагање слободен акумулационен простор кој што може да прифати 12 милиони м3 вода, а се испуштаат околу 3,5м3 вода во секунда во реката Тополка. Со секојдневното следење на дотокот на река Тополка успеваме да се справиме со предизвик од прелевање, така што дозираме соодветно и навремено испуштање на вода од акумулацијата изјави Бобан Пановски директор на ЈВП ,,Лисиче,,.
Како прилог на оваа нивна политика е што браната Лисиче во изминативе години, кога, речиси секаде, имаше појава на поплави со значителни штети по земјоделските површини и останатата инфраструктура, браната ја одигра улогата на заштита од поплави.
Токму од оваа причина менаџментот и стручната служба во ЈПВ Лисиче настојуваа и изминатите години успеваа да не дозволат акумулацијата да се преполни и да почне да прелива.
Со севкупните наши активности можеме да гарантираме дека нема да има појава на преливни води односно да се случат несакани последици по земјоделските површини и инфраструктурата по текот на реката Тополка, но и да акумулираме доволни количини вода за пиење за градот Велес како и за поливање на земјоделските површини во претстојната сезона – додава директорот Пановски.
Тој потсетува дека со ваквата политика која ја водат, градот нема проблеми со водоснабдување, плус се полеваат илјада хектари земјоделски површини, а неколку години по течението на Тополка немало поплави.
Езерото собира 23 милиони кубици вода од сливно подрачје од 97 км2 и се полни од Тополка и Врановска река. И додека нивото на езерото Лисиче, другото езеро ,,Младост, близу Велес пак две години континуирано се во висок водостој а се случува и да прелева.
Tweet |