Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јануари 2014
Откако шест илјади пациентки од Скопје а илјада во Штип, изминатите неколку дена во два одвоени случаи биле избришани поради ликвидација на ординациите каде се лекувале, приватните лекари од Македонија бараат измени на Законите.
Тоа се однесува на членот 32 од Законот за здравствена заштита и член 28 од Законот за здравствено осигурување. Тие оваа нивна иницијатива во писмена форма веќе ја испратиле до Владата, премиерот, министерот за здравство и Фондот за здравство. Објаснуваат дека тоа е во интерес на пациентите и на докторите, и едните и другите да не остануваат на улица.
Никаде во светот не постои да се ликвидира фирма која успешно работи, која ги плаќа давачките кон државата, финансиски е способна. Ликвидирање на рентабилни фирми не оди во прилог на никого. Ова е наша реакција на случувања од последните денови кога имаме неколку случаи на смрт на доктори концесионери, па поради тоа нивните фирми се ликвидираат. По овој чин вработените доктори и медицински сестри во овие амбуланти остануваат на улица и без егзистенција.
Затоа нашето барање е документите да се на здравствената установа, не на докторот носител. Така ние сите договори кои ги склучуваме со Фондот за здравство се со ПЗУ, не со одредена личност и доктор. Зборуваме за мрежа на здравствени установи, не мрежа од приватни доктори. За да имаме задоволни пациенти и корисници, потребно е да не се ликвидираат фирми кои што имаат по неколку илјади пациенти.
Ние го лоцираме проблемот но и нудиме решение за него, тоа се овие измени на двата закони. 20 години како доктори во примарното здравство се грижиме за здравството во Македонија, имаме изградено инфраструктура, имаме вработувања, потребна ни е сигурност. Бараме фирмите да имаат континуитет а вработените безбедност за иднината – изјави д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари од Македонија кое бори 1.600 приватни установи а секој месец во просек по тројца активни доктори- концесионери умирале.
Таа го илустрираше проблемот со кој се судруваат приватните доктори во земјава со неодамнешниот случај во Чаир - Скопје каде докторот гинеколог носителот на амбулантата почнал а неговата колешка, на само пет месеци пред пензија сега останала без работа, а шест илјади пациентки се избришани.
Во друг случај во Штип исто така илјада пациентки се избришани по заминувањето на докторката а останатите нејзини колеги морале сега да се снаоѓаат како знаат и умеат. Приватните лекари се уште чекаат да се изјасни Уставниот суд по нивната иницијатива од пролетта минатата година за членовите 316 и 318 од Законот за Здравствена заштита, кои и по толку време стоеле во фиока а по нив не се расправало.
Tweet |