Петар Печков
Објавено: петок, 09 септември 2016
Сабота вечер во 20 ч. во велешки театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, премиерно ќе биде прикажана претставата ,,Добра надеж,, од холандскиот автор Херман Хеијерманс. Режијата е на Александар Ивановски а драматизацијата на Сашо Димоски. Текстот е за рибарско село и настаните кои се случуваат внатре, меѓу класни односи кои владеат меѓу сиромашни рибари и богати бродосопственици.
Иако е тоа текст за рибари, тоа е приказна за тие што работат и тие што даваат работа. Претстава со возбудливи карактери, приказни, во еден критичен момент. За мене немаше подобро место да се отвори ова приказна, отколку во Велес. Тоа е град бастион на работничка класа, таа класа беше доминантна и прогресивна. Затоа сакав да се обратам токму на ова тема, на сите транзиции, приватизации, на губењето на силата, потентноста, на прогресивноста. Сега Велес гради приказна, која нема свој идентитет, не велам полоша или подобра – изјави Александар Ивановски режисер на претставата. Херман Хериманс е холандски писател од крајот на 19 и почеток на 20 век. Во Балкански простори не е познат, но во Европски е ценет и почитуван, неговите текстови се актуелни и читливи за нови адаптации.
Ликот кој го толкувам, на мајката може да се спореди со било кој лик од кај нас, до Велес. Ова наша сурова реалност со 12 илјади и помалку а трудот на пазарот не вреди ништо, правејќи компромиси. Таа верува дека има добри луѓе а низ претставата ќе видите што се се случува на нејзиното семејство - рече Слободанка Чичевска, која есенва одбележува 30 години работа во велешкиот театар.
Освен неа во претставата настапуваат: Жарко Спасовски, Александар Велјановски, Талија Настова, Александар Ѓеоргиев, Кирил Гравчев, Васил Зафирчев, Марија Стефановска, Драгана Босниќ, Весна Димитровска, Самоил Стојановски и младата Румена Шопова која е студент на ЕСРА. Сценографија и видео дизајн се на Филип Коруновски, костимографија Катерина Чукниева, автор на музиката е Сашко Костов. Со претставата ,,Добра надеж,, започнува новата сезона 2016/17 во велешки театар.
Tweet |