речник контакт

Велес гут, Топилница капут!!!

Топилницата заминува во историја, државата ја прифати промената на ГУП. Министерот Јанкиевски дојде во Велес лично да им ја соопшти оваа вест на велешани

Петар Печков

Децениската борба на велешани за здрава животна средина е пред крај, откако и Министерството за транспорт и врски  ја одобри промената на ГУП -от на Велес.   Останува само уште Советот на Општина Велес  на некоја од наредните седници да ја донесе промената на планот.  Три години  општинските служби работеа на обезбедување на неопходната документација,запазување на роковите и процедурата за таа да финишира со неопходните дозволи и од Министерството за животна средина сега и од транспорт и врски. 

Пред десетина дена министерството даде за  дозвола за измена на  Генералниот  Урбанистички план на Велес со кој се предвидува на постојната локација да  има зелен појас - изјави Миле Јанакиевски министер за транспорт и врски при посетата на Велес.

Оваа институција беше последната во  правана битка на велешани за здрава и чиста животна средина.  Со ова дозвола за измена на местото каде сега е Топилницата се предвидува да има зелен појас и тоа по барање на Министерството за здравство. Иако во претходните  планови се планираше таму да израсне индустриска зона за лесна и не загадувачка индустрија,  истражувањата на научните работници покажаа дека почвата во тој дел на Велес  е премногу загадена со тешки метали, олово и кадмиум, кои се и отровни и опасни по населението.

Затоа Министерството за здравство, преку стратегиската оценка за влијанието врз животната средина   исклучиво бараше просторот да биде засаден со дрвја и да биде зелен појас. Ова нивно  барање беше вметнато во документацијата за  новиот ГУП.  Ваквата добра вест е круна на борбата на локалните власти десетина години наназад,  кои имаат идентичен став Топилница не на постојното место. 

Дилеми повеќе нема,  сите правни битки се добиени останува само уште техничкиот дел, Советот да ја изгласа промената на ГУП. Тоа ќе го ставиме најбрзо што може на седница, откако писмено ќе ги добиеме материјалите од министерството. Бидејќи имаме политички консензус  на локално ниво по прашањето на Топилницата, нема да има пречки новиот ГУП да се донесе – изјави градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.  

Жителите на Велес, од новиот милениум започнаа силна еколошка борба со загадувачот Топилницата, откако Светската Здравствена организација поради загадувањето со сулфур двеоксид  во 2000-тат година   го прогласи градот  за опасно место за живеење.  Во  мај 2005-тата Топилницата беше затворена а потоа за прв пат во Македонија, градот Велес поднесе тужба против државата оти таа дозволила градот и неговите  жители  30 години непречено да биде труен.  На 9-ти ноември 2011-тата година се случи најголемиот еколошки протест во земјата кога 20 илјади велешани излегоа на улица и рекоа НЕ  откако нејзиниот нов сопственик Метрудхем најави дека планира  рестарт на капацитетот.

Клучен елемент  за иднината на капацитетот  е доколку се изврши пренамена на локацијата каде сега се наоѓа Топилницата,   тогаш натамошната  постапка е беспредметна.   Процедурата за  изградба на тешка индустрија ќе биде оневозможена, бидејќи локалните власти предвидуваат со новиот план таа да биде наменета за  друго – изјави министерот  Абдулаќим Адеми пред една година при посетата на Велес.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »