Петар Печков
Објавено: четврток, 13 март 2014
Сообраќајната полиција при ПС Велес минатата година имала полни раце работа, според годишниот извештај за работа.
Црната хроника на сообраќајки со починати е двојно повисока отколку во 2012-тата. Така лани осум лица ги загубиле животите во сообраќајки по патиштата во велешко, од нив тројца се возачи и со возачи и двајца се пешаци. При овие сообраќајки 29 лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Патем во 2013 регистрирани се вкупно 366 сообраќајки додека претходната година таа бројка е 338. Најчеста причина з сообраќајките е не држење на страна, алкохол. Сообраќајната полиција лани контролирала 28. 063 автомобили и возачи.
Од нив исклучени се 427 возила најмногу поради тоа што биле нерегистрирани. Во овие контроли биле исклучени 517 возачи, најмногу поради управување без возачка дозвола.
Tweet |