Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 декември 2015
Општина Велес за минатата 2014-та година, за јавни набавки потрошила 113.512.030 денари, или 184.5724 евра или 33.73 € по жител или со тоа општина Велес 59-та од 80 во земјава. ова е истражувањето кое го објави Центар за граѓански комуникации.
Вредноста на јавните набавки е показател не само за тоа колку пари потрошиле општините за своето функционирање (канцелариски материјал, опрема, средства за огрев, хигиена и сл.) туку особено за извршување на обврските од нивна надлежност.
Како што е познато, освен за исплата на платите и надоместоците за вработените, речиси за сите други трошоци над 500 евра, општините се должни да распишат јавен тендер. тоа е изградба на локални улици, комунална инфраструктура, локално осветлување, поправка и изградба на училишта, урбана опрема
Еве ги показателите и за соседните општини. 8.193.434 денари или 133.227 евра или 51.24 € по жител на општина Лозово со што таа е 46-та во земјава.
Општина Чашка е 17-та со 81.04 € по жител или 39.717.756 денари или 64.5817 евра.
Општина Градско 14-та со 84.84 € по жител, или 18.648.660 денари или 30.3230 евра
Пониско од поголемите градови во земјава е Прилеп 70 со 26.44 €, лидер Чаир со 203.08 € а последно Арачиново со 3.62 €.
податоците се одм истражувањето на Призма
Tweet |