речник контакт

Затвор за двајца велешани кои натепаа полицаец

Ибраими доби 18 месеци затвор за Демиров шест месеци затвор затоа што натепаа полицаец на Градскиот пазар

Петар Печков

       Велешаните  Демир Ибраими ( 39 год)  доби 18 месеци затвор за  Даристан Демиров ( 43 год) шест месеци затвор затоа што натепаа полицаец.   Инцидентот се случи на 16 април на Градското пазариште во Велес кога полицаецот  се упатил да достави покана  до  Ибраими   со која се повикува во заедно со неговиот малолетен син, на службен разговор  во СВР за извршена кражба од страна на детето.

Откако полицаецот дознал  кој од продавачите на тезгите на градскиот пазар   е бараното лице, се упатил кон него  го легитимирал со цел да го утврди неговиот идентитет и му објаснил зошто го повикуваат. По ова   Демир почнал  да вика на висок тон, а кон  полициски службеник во тој момент се доближиле   блиски лица на   Ибраими, при што Демиров го фатил  за  двете раце а   Ибраими физички го нападнал полицаецот  удирајќи го со тупаници по лицето, по што го повредил и крвавел.

Во ова му помагале и две жени, негови блиски. За ова Ибраими и Демиров се прогласени  за виновни за кривичното дело  „Напад над службено лице при вршење на работа“ изречени им се затворски казни, додека на двете жени  соучеснички во тепачката им се изречени условни казни, од шест месеци затвор ако во следните две години не сторат друго кривично дело.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »