Петар Печков
Објавено: четврток, 12 февруари 2015
Најновата книга ,,Круг, полукруг,, на Игор Крејчев беше промовиран во Ликовниот салон во Велес. Промотори на делото беа универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Златко Жоглев, кои не штедеа комплименти за новата книга поезија на авторот Крајчев.
Во поезијата на Крајчев има многу длабоки теми, каде основа е поставувањето прашања. Тој плени со стиховите, кои на извонреден луциден креативен начин ги искажува. Зачудува зрелоста на Крајчев иако ова не е негова прва збирка поезија. Тој како прозаист е многу квалитетен а како поете е извонреден. Самиот наслов е филозофски. Во основата на насловот ,,Круг, полукруг,, ако се проникне подлабоко, може да се сфати митот за Сизиф. Тоа е затворање на кругот и отворање на полукругот. Или дали Сизиф треба да го истурка каменот до крај и што ќе се случи потоа - рече проф. д-р. Жоглев. Со оваа книга Крајчев го доби специјалното признание на Карамановите средби во Радовиш.
Во ликот на Крајчев, македонската литература добива една исклучително чудесна фигура, оти тој паралелно ја негува и прозата и поезијата. Тоа што јас го прочитав во оваа книга, докажува дека меѓу прозата и поезијата постојат тенки граници. Големи автори за мене се тие кои успеваат во нијанси да ги поместат границите на жанрот од претходниците. Колку и да звучи чудно, јас во Крајчев препознавам еден Рацин, го гледам како суптилно продолжение. Неговата поезија денес би изгледала вака, со многу постмодерни елементи - изјави д-р Венко Андоновски.
Крајчев, кој е член на ДПМ е автор на три дела и поезија и проза. Во 2005-та ја издава модернистичката поезија ,, Реалности,,, во 2007-та епско-фантастичниот роман ,,Воини и херои,, и во 2009-тата психолошкиот роман ,,Три секунди,,.
Круг, полукруг е моја филозофска симболика, со која што сакав да изразам одредени мои размислувања, која е нашата проекција, идеализација за самите себе си. Кој сме всушност ние, кој е нашиот стремеж кон апсолутното совршенство - рече авторот Крајчев, кој ова дело го подготвувал две години. Стихови од книгата читаше актерката Кети Борисовска. Промоцијата беше дел од манифестацијата ,,Велес град на културата,, .
Tweet |