Петар Печков
Објавено: четврток, 11 август 2016
Во Ликовен салон Велес вчеравечер се отвори изложба на слики на четири млади сликарки. Со свои дела се претставија сестрите Катерина и Сара Трајковски , Каролина Николова сите од Скопје и Кристина Александарски од Велес. Тие се пред велешката публика се претставуваат со 25 дела, повеќето масло на платно, акрили на платно и цртежи. Сите нив ги поврзува тоа што татковците на авторките се ликовни уметници.
Креативноста е талент кој ги спојува небото и земјата во заедничка енергија, во извор, тенка завеса помеѓу вонвременскиот духовен свет. Тоа е дејството на небесната енергија врз земните созданија а овие девојки го имаат тој талент – рече Тања Медарова ликовен уметник, при отворањето на изложбата.
Катерина Трајковска и Кристина Александарски се дипломирани ликовни уметници, Трајковска на отсек графика во 2013-та во класата на проф. Димитар Малиданов, додека Александарски во 2014 кај проф. Рубенс Корубин и двете работат како слободни уметници. Авторките во просторијата на Ликовниот салон, поставија каса за собирање на доброволни прилози, за настраданите од невремето во Скопско. Изложбата ќе биде поставена наредните десетина дена.
Tweet |