Петар Печков
Објавено: петок, 08 март 2013
Осумнаесет девојки положија заклетва во осумнаесеттата генерација доброволни војници, кои во Велес ја дадоа свечената заклетва. Така тие на Денот на жената, во пракса ја покажаа борбата за рамноправност помеѓу половите. Ова нова последна, мартовска, класа на војници брои 217 млади, на возраст до 27 години, иако повеќето на пониска возрасна граница. Тие одлучија три месеци од нивниот живот да и посветат на татковината, на армијата на Македонија. Доброволци има од сите етнички националности во земјава.
Армијата е доказ за рамноправноста меѓу половите, помеѓу мажите и жените. Служењето на војска за мене е голема одговорност и има големо значење. Од мала имав желба да бидам војник и како годините минуваа таа беше силна и сега успева во тој мој сон. Тоа е за мене големо задоволство, обврска но добивка од бенефициите што таа ги носи - рече Невенка Попова 23 годишна девојка, апсолвент на Факултетот за туризам и угостителство.
Задоволна е што има освен неа и други девојки, со кој се дружи, разменува мислења искуства, наоѓа нови пријателства. Пред да ја дадат заклетвата две седмици се прилагодуваа на војничкиот живот, станување рано наутро во шест, легнување навечер во 10.
Се пријавив да служам доброволни во АРМ за да докажам дека сме рано до рамо со машките. И убаво е што токму на 8-ми март ја дадовме свечената заклетва. Униформата отсекогаш ме привлекувала и се надевам дека еден ден ќе бидам дел од војската, ќе напредувам во кариерата. За овие десетина дена почувствував во пракса како е да се биде ист, без разлика на полот, што работеа машките работевме и ние - рече Стојанка Додевска од Куманово.
Наместо до доцна излегување во град и забава во кафитерии, за младите војници нов режим и на исхрана во војнички ресторан. Изменета е структурата на војниците кои дојдоа да служат доброволно војска, поголем дел до нив се при крај со факултетското образование. Бројките од класа во класа, покажуваат освен што се менува структурата на доброволците, во однос на образованието, се зголемува и интересот за служење војска.
Војска решив да служам за да ја бранам татковината ако затреба. Сакав да ја облечам униформата на АРМ но и да бидам дел од специјалните единици натаму. Тоа е мојот животен сон. Морам да признам дека првите неколку дена беше тешко, но со помош на старешините ја надминавме таа криза и сега се привикнавме. Ова е сосема различно од секојдневниот живот, но добро е што се сретнавме и запознавме други млади – вели Николче Аксентиев студент на Универзитетот во Штип.
Тој задно со колегите дел од војничкиот живот ќе го мине на обука на полигонот во Криволак. Војниците освен што се обучуваат да ја бранат Македонија, тие се подготвуваат и да постапуваат во елементарни непогоди, како што неодамна беше при поплавите во Струмичко. Како и со претходите генерации со војниците ќе работи врвен воено стручен тим старешини на Центарот за индивидуална обука при Командата за обука, сместена во велешкиот гарнизон на АРМ. Од редовите на војниците доброволци потоа се пополнуваат професионалните единици на АРМ, со дополнителна обука и усовршување. Голем дел од нив стануваат и врвни војници и старешини. Свечено дадената заклетва на војниците доброволци им ја честиташе заменик министерот за одбрана.
Нашите размислувања се да се оптимизира доброволното служење на војска а не да се укине или да се врати задолжителното. Сакаме да се зголеми бројката на млади луѓе кои ќе мината низ редовите на армијата. Така ќе имаме база за професионалните војници но и за резервниот состав на армијата, која е во процедура на формирање. Токму поради оваа бројка на резервисти дозволува во следните класи војници да имаме поголем број регрути – рече заменикот министер Емил Димитров.
Tweet |