Петар Печков
Објавено: четврток, 26 декември 2013
Започна промената на уличното осветлување во општината, наместо живини ќе има антриумови. Опфатени се градот Велес и 25 населени места, поголеми села. Сите тие ќе добијат енергетски ефикасни светилки.
Стартуваше од улицата Белградска. Ќе бидат заменети 2.915 светилки на 154 улици во Велес. Оваа инвестиција чини 17,7 милиони денари, пари за кој општина Велес се задолжи кај Светската банка.
Со оваа промена ќе добиеме многу поквалитетно осветлување. Инвестицијата е повратна со оглед на тоа што за четири и пол години ќе бидат вратени средствата. Во првиот дел замената се одвива на улиците подалеку од центарот, а кога ќе завршат новогодишните и Божикни празници и гужвите во овој дел до градот, ќе се врши замена на централното градско подрачје - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Досегашните светилки имале трајност од 4 илјади часови а новите имаат трајност 12 илјади часови. Замената со ефикасни светилки треба да заврши до јуни месец следната година.
Изминатите три години локалната власт со сопствени средства заменила околу 560 светилки и тоа на 21 улица. Ефектот од ова бил поволен по Буџетот, потрошувачката на електрична енергија била намалена скоро за половина.
Tweet |