речник контакт

Контролирано ниско ниво на езерото Лисиче

Минувачите изненадени, надлежните објаснуваат ова ниво е планирано

Петар Печков

Нивото на вештачката акумулација ,,Лисиче,, есенва е на ниско ниво. Минувачите кои биле изминатиот период  во овој предел на велешко, изненадени што водостојот е така низок.  

Тие стравуваат дека тоа може да се одрази на водоснабдувањето на градот со вода за пиење, но и со поливањето на околните земјоделски површини.   Од ЈПВ ,,Лисиче,, објаснуваат, водостојот на езерото е низок, и тоа е контролирано а во овој период нивото ен езерото е оптимално.

Оптимално полнење подразбира да ја полниме акумулацијата така што во овој момент  имаме на располагање слободен акумулационен простор кој што може да прифати 12 милиони м3 вода, а се испуштаат околу 3,5м3 вода во секунда во реката Тополка. Со секојдневното следење на дотокот на река Тополка успеваме да се справиме со предизвик од прелевање,  така што дозираме соодветно и навремено  испуштање на вода од акумулацијата  изјави Бобан Пановски директор на ЈВП ,,Лисиче,,.  

Како прилог на оваа нивна политика е што  браната Лисиче во изминативе години, кога, речиси секаде, имаше појава на поплави со значителни штети по земјоделските површини и останатата инфраструктура, браната  ја одигра улогата на заштита од поплави.

Токму од оваа причина менаџментот и  стручната служба во ЈПВ Лисиче  настојуваа и  изминатите години успеваа да не дозволат акумулацијата да се преполни и да почне да прелива.  

Со севкупните наши активности можеме да гарантираме дека нема да има појава на преливни води односно да се случат несакани последици по земјоделските површини и инфраструктурата  по текот на реката Тополка, но и да акумулираме доволни количини вода за пиење за градот Велес како и за поливање на земјоделските површини во претстојната сезона – додава директорот Пановски.

Тој  потсетува дека со ваквата политика која ја водат, градот нема проблеми со водоснабдување,  плус се полеваат  илјада хектари земјоделски површини, а  неколку години по течението на Тополка немало поплави.  

Езерото собира 23 милиони кубици вода од сливно подрачје од 97 км2 и се полни од Тополка и Врановска река.   И додека нивото на езерото Лисиче, другото езеро ,,Младост, близу Велес пак две години континуирано се во висок водостој а се случува и да прелева.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »