Петар Печков
Објавено: среда, 29 јануари 2014
Снегот и лизгавиот коловоза предизвикале пет сообраќајни несреќи изминатата ноќ во велешко, информираа од СВР Велес. Освен големата материјална штета, нема сериозно повредени и болничко згрижени учесници.
Две од сообраќајките се случиле на автопатот Велес – Гевгелија, две на магистралниот пат Велес – Штип. Во три случаи автомобилите излетале од патот, додека во останатите биле судар со учество на две возила.
Од полицијата на возачите им се препорачува крајно внимателно управување со моторните возила , односно, прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот.
Така завчера 00.40ч по полноќ на делницата од Автопатот А1 правец Градско-Велес на 700 метри после мостот за село Караслари дојдено е до сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка Мерцедес со велешки регистарски ознаки удрил во животно.
Во вторникот во 12.30ч на регионалниот пат Велес -Штип на 5,1км од Велес кон Лозово случена е сообраќајна незгода во која учесник е патнички автомобил марка Рено Флуенца со скопски регистарски ознаки кој од засега непознати причини поминал на левата коловозна лента, излегол од коловозот и се превртел во нива .
Исто така вчера во 17.50ч на Автопатот А1 Велес-Градско поточно на 12 км пред Градско дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу товарно возило марка Мерцедес со прилепски регистарски ознаки и приклучно возило, патнички автомобил марка Ауди со велешки регистарски ознаки и патнички автомобил марка Ауди со регистарски ознаки од Ресен.
Вчеравечер во 19.50ч на патот Велес- Мамутчево поточно на 5 ти км дојдено е до сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило марка Даф со регистарски ознаки од Радовиш и приклучно возило и патнички автомобил марка Пежо 206 со бугарски регистарски ознаки.
Во приближно исто време во 19 часот на магистралниот пат Демир Капија- Удово кај тунели Демир Капија случена е сообраќајна незгода- слетување на патнички автомобил марка Фолксваген Голф со тетовски регистарски ознаки надвор од коловозот.
Tweet |