Петар Печков
Објавено: петок, 28 април 2017
Жителите од месноста Долни дуќани или Старите фурни реагираат на несредената инфраструктура околу плоштадот. Таму од две места извира вода, која создава вирови а плоштадот е освоен од неа. Така децата кои живеат во опкружувањето немаат каде да играат, постојано местото е калливо а за минувачите грда слика .
Двата избори на вода се одамна, реагиравме повеќе пати до локалната власт, но одговор ниту решение нема. Во зимскиот период таа е замрзната и опасност по бројните минувачи. Во другиот дел од годината е грда слика за гостите кои доаѓаат да ги посетат куќите на Касапови, Џинот и Главинов а мора да минат од тука - вели Никола Стојанов жител од ова маало.
Освен што овие извори на вода го отежнуваат живеењето, во еден дел на улицата започнал да се уништува потпорниот ѕид. Локалната власт за проблемот дозна откако ТрМр ги праша кога ќе го решат овој проблем. По ова екипа од одделението за комунални дејности при Општина Велес извршила увид на улицата Архиепископ Михаил во населбата Долни Дуќани.
Констатирана е фактичката состојбата. Во наредниот период ќе се испита дали водата која излегува од ѕидовите е како резултат на дефект во водоводната мрежа или е подземна вода која доаѓа од некој извор. Ако е од водоводната мрежа таа ќе биде санирана,а доколку е подземен извор тогаш работата ќе биде покомплицирана бидејќи таквите води многу тешко се третираат. Истовремено ќе биде направен и потпорен ѕид кој го бараат жителите од ова место. – изјавија од Општина Велес.
Во подножјето на ширинката, се наоѓа отворен испсут , за кој жителите велат дека е на канализациона цевка. Од неа водат се излева директно на улицата Димко Најдов, кај скривниците. ЈКП Дервен пред една година ја поправил цевката, но таа пак се оштетила и сега истата е повторно отворена. И по поставеното прашање велешките комуналци, ветија дека ќе го поправат .
Во текот на денешниот ден (петок) ден ќе биде саниран испустот за канализација на локацијата посочена од ваша страна – стои во писмениот одговор од ЈКП Дервен.
Tweet |