речник контакт

Екс вработените во Порцеланка бараат стечаен надоместок, Агенцијата се дума

Со години 80-тина поранешни вработени од Порцеланка се надеваат и чекаат дека ќе добијат месечн стечаен надоместок

Петар Печков

Наредниот месец ќе се решава прашањето на поранешните вработени во велешка Порцеланка. Откако тие добија повторно од Управен суд дека  фабриката во 2003-тата била во државна сопственост, 80-тина стечајни вработени барат да им се исплатува надомест  за оваа категорија на невработени лица.  Од Агенцијата за вработување и двете решенија и ланското и годинешното не ги прифаќаат, поради што по повеќе обиде се случи средба меѓу порцеланци и директорот на Агенцијата.

Се договоривме  со екс вработените во наредниот период од месец дена конечно да се симне прашањето за надомест на овие лица.   Добивме одлука, упатство  без конечна пресуда  на Управен, со која и се дава  насоки, на  Агенцијата да донесе соодветно решение.  Дали е тоа позитивно или негативно ќе го прифатиме и двете страни, за да нема половични решенија  со кои  се вртиме во круг – вели  Влатко Поповски директор на Агенцијата за вработување. 

Во  повторното одлучување дали на порцеланци им следи месечен надомест до пензионирање според него ќе бидат вклучени  Централен депозитар, Централен регистар,  Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика,  Генерален секретаријат на Владата. За разлика од ланското решение на Управниот суд последното  според директорот било поконкретно, подиректен, објаснувањето не било општо, што дава надеж дека ќе се донесе конечна одлука. Од друга страна 80-тина вработени   со години сметаат дека треба да добијат паричен надомест, оти фабриката Порцеланка кога заминала во стечај била во државна сопственост. Затоа тие од преговорите имаат други очекувања.

Или ќе добиеме позитивно решение дека ни следат пари или решение чија била фабриката. Имаме пресуда и на Управен суд, на Апелација и на Врховен каде многу чисто стои во чија сопственост е тогаш Порцеланка.  Во 2004-тата некој не ја завршил работата тогаш, иако имало одлука акциите да бидат пренесени, но зошто и кој не го сторил нека се испита.   Не треба работниците да го плаќаат цехот на некој недоговорен службеник, оти има документ и од Министерство за економија – вели Ѕвонко Самарџиев претставник на оваа група вработени.

Присуството на директорот на Агенцијата за вработување Поповски во Велес ја искористија и поранешни вработени од други  велешки стечајни фирми како што е Лозар да прашаат за нивната судбина, оти и тие не добиваат надомест иако во моментот кога заминале во стечај биле во државна сопственост, за што понудија и соодветна документација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »