речник контакт

За двајца дилери на хероин по 3,3 години затвор

Двајцата скопјани биле дел од мрежата која го снабдувала пазарот во Велес со хероин

Петар Печков

Двајца скопјани добија по 3,3 години затвор за обид за дистрибуција на дрога.  Агим Метуш (37 год) и  Шакир Рашит (55  год) се прогласени за виновни во Основниот суд во Велес, првиот откако го признал делото додека вториот го негирал.

Според обвинението на 7-ми мај годинава,кај манастирот Св. Димитрија    Метуш се обидел на продаде  260 грами дрога хероин,  а за тоа имал помош од Рашит кој го превезол од Скопје до Велес со неговиот автомобил мерцедес.  Според сознанија на велешката полиција тие двајцата снабдувале, дел од велешкиот пазар со дрога, поради што поставиле заседа кај ресторанот Охохо, на вливот од Тополка во Вардар.

Околу 19,15 двајцата скопјани стигнале до местото,  Метуш излегол од мерцедесот кој го управувал Рашит и влегол во друг автомобил со сребрена боја,  без регистарски таблички и продолжиле кон Градско. Откако забележале дека ги следи полиција, Метуш низ прозорот фрлил кесе,кое инспекторите го земале а подоцна е констатирано дека е дрога хероин.

Полицајците продолжиле со потрагата на автомобилот, но наместо  Метуш, налетале на мерцедесот на Рашит кој го барал  неговиот пријател. Метуш го сретнале подоцна како оди пеш по регионалниот пат за Градско. И двајцата дилери биле приведени а подоцна и обвинети за промет на опојни дроги.

Метуш го признал делото додека Рашит негирал дека има било каква врска со дрогата, освен што по барање на неговиот пријател и сосед,    го превезол  до Велес. И двајцата за ова дело добија идентична казна затвор од 3 години и три месеци до правосилноста на пресудата остануваат во притвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »