Петар Печков
Објавено: вторник, 20 септември 2016
Започна реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во градот. Таа ќе биде во должина од без малку три километри, на повеќе улици во градот, во различни делови. Се врзи замена на старата азебесна мрежа.
Проектот кој предвидува реконструкција на водоводните линии започна да се реализира со улицата „Рилски Конгрес”поранешна „Игманска”. Должината на водоводната линија која се заменува е во должина од 995 метри.
По нејзиното завршувањето на од локалната власт најавија дека следни за работа ќе бидат улиците „Гемиџиска”, „Партение Зографски”, „Киро Ќучук”, „Мицко Козар”, „Васил Главинов” и „Благој Ѓорев”.
Вкупната должина на целата мрежа изнесува 2.855 метри. Целиот проект е во вредност од 9,5 милиони денари, средства обезбедени преку Европската инвестициона банка.
Tweet |