Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јули 2016
Мимоза Давчева вработена како психолог во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот е новата директорка на оваа образовна институција. Градоначалникот Славчо Чадиев по добиениот предлог од Училишниот одбор се одлучил за Давчева која е доктор на науки и целиот досегашен работен век го мина во училиштето.
Нада Јованова досегашниот директор во Средното Економско училиште Јовче Тесличков доби втор мандат за оваа функција. Предлогот на Училишниот одбор го потврдил градоначалникот Чадиев и дипломираниот економист, магистер Јованова останува на оваа позиција во следните четири години.
Според Законската регулатива, во средните училишта Училишниот одбор испраќа еден кандидат до градоначалникот, додека во основните училиште се испраќаат двајца кандидати а градоначалникот избира помеѓу нив.
Tweet |