Петар Печков
Објавено: петок, 12 јули 2013
Најмалобројната класа војници доброволци ја даде свечената заклетва во велешката генерација. Само 74 војници од кои 10 се девојки се заколнаа дека ќе ја бранат Република Македонија. Во оваа класа најбројни се Македонците а има и Албанци, Турци, Срби, Власи. Тие одлучија три месеци од нивниот живот да и посветат на татковината, на армијата на Македонија.
Тие наредниот период ќе го минат во обука во касарната Алексо Демниевски Бауман која е центар за индивидуална обука на војниците доброволци. На новите доброволци честитка им упати министерот за одбрана Талат Џафери.
Прв предуслов за новите професионални војници, кои што ќе бидат примени во август и септември е да го имаат отслужено воениот рок. За да можат да конкурираат кандидатите мора да ја биде доброволно војници. Со новите конкурси ќе се пополнуваат на редовите на армијата соа професионални војници. Очекувам дека со стекнатото искуство во оваа обука, ќе можат да ја доловат суштината на професионалноста на Армијата на Република Македонија и да ги пренесат нивните искуства во иднина – изјави министерот Џафери.
Тој во велешката касарна беше во друштво со Генерал мајор Горанчо Котески началник на генералштабот на АРМ. Така највисокиот воен врв дојде да им ја честита свечената обврска на најмалубројната класа војници доброволци, откако од јануари 2007-та се служи на овој начин воениот рок. Ако во ноември 2102 имаше 280 војници по половина година ги има четири пати помалку.
Војниците доброволци објаснуваат дека кај нивните врсници причината за малиот одѕив е летото и високите температури, па и тие што сакале решиле војска да служат во следната генерација, наесен а сега да уживаат во летните радости. Тие што дојдоа ќе се судрат со нов режим на живот и на исхрана во војнички ресторан.
Ја сакам Македонија, ја сакам униформата, чест ми е и задоволство што сум во редовите на Армијата. За досегашниот престој тука запознав нови лица, нови пријатели. Во секој случај нова страница од мојот живот – вели Тамара Адамова војник, магистрант на факултетот ФОН.
Таа заедно со нејзините колешки вели дека имаат еднаков третман, како и машките колеги и не добиваат никакви попусти. Новите војници освен во касарната, дел од својата обука ќе ја изведат и на полигонот Криволак. Пред да ја дадат заклетвата две седмици се прилагодуваа на војничкиот живот, станување рано наутро во шест, легнување во 10.
Ми беше голем предизвик да бидам дел од Армијата, искрено сум горд и се радувам што останав во стројот на војската. Тоа ми беше сон уште од мали нозе, да ја носам униформата, носам опрема и ја бранам Македонија - рече војник Момир Радиовски од Кичево.
Војниците освен што се обучуваат да ја бранат Македонија, тие се подготвуваат и да постапуваат во елементарни непогоди, како што пролетва беше при поплавите во Струмичко. Како и со претходите генерации со војниците ќе работи врвен воено стручен тим старешини на Центарот за индивидуална обука при Командата за обука, сместена во велешкиот гарнизон на АРМ. Од редовите на војниците доброволци потоа се пополнуваат професионалните единици на АРМ, со дополнителна обука и усовршување. Голем дел од нив стануваат и врвни војници и старешини.
Но останува грижата за селекцијата на војниците доброволци. Оти во велешкиот суд неодамна беше изречена и пресуда за војник кој се обидел да внесе марихуана во касарната. Има и пет процеси за дезертерство. Иако доброволците сами се пријавиле да служат, по неколку вечери избегале, за што сега одговараат пред судот а некои од нив за кривични дела што ги сториле се наоѓаат и в затвор.
Tweet |