Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јули 2013
Велешанец беше пронајден мртов во кругот на болницата, откако неколку дена лежел починат. Зоран Банев (29 год) бил регистриран зависник и корисник на метадонска терапија во Дневниот центар при ЈЗУ Општа Болница Велес. Се претпоставува дека Банев бил починат четири дена, бидејќи телото во лоша состојба.
Најден е труп, на периферијата од Болницата на лице кое е нарко зависник. Телото го пронашол негов другар, пријател исто така пациент и зависник. Последен пат починатиот бил во Дневниот центар на 11 јули, четврток заради примање на редовна метадонска терапија а пронајден е во понеделникот околу 10,30 часот. Местото каде е пронајден е недостапно и скриено од обезбедувањето на институцијата – изјави д-р Силвана Мишкова портпарол на велешката Болница.
Увид на местото каде е пронајден Банев извршиле истражен судија, обвинител и СВР Велес а телото е дадено на обдукција. Неговите блиски велат дека тој започнал со користење на опијати откако пред неколку години неговиот брат настрадал во сообраќајка, за потоа да стане и зависник. Ова е трет смртен случај годинава на пациент од Дневниот центар за зависници во Велес. од Велешката Болница и натаму инсистираат на дислокација на Дневниот центар од зградата каде се га се наоѓа, сместен е во дел од Нервното одделение.
Иако болничките раководство инсистираат Дневниот центар да се дислоцира од сегашните простории, тоа не е случено. Реагираме оти освен што тука доаѓаат болни, попречува во работата на персоналот, во близина на 30 метри е Основно училиште. Имаме технички пречки кои ги создаваат пациентите на Дневниот центар , затоа се бара негова дислокација – вели др. Мишкова.
Во близината од овој центар, паркот околу е преполн со ампули, шприцови, игли кои ги користат зависниците.
Tweet |