Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јануари 2015
Условна казна затвор оти украл 250 литри ракија. Велешанецот Драгче Стојанов доби условна казна затвор во траење од три месеци,ако во следните година дена не стори друго кривично дело.
Тој има обврска на оштетената да и плати 32,5 илјади денари,колку е пазарната цена за украдената ракија. Стојанов е осуден за кривичното дело ,,тешка кражба,, оти во периодот од 18 до 21 јули 2014-та година, од подрумот на велешко семејство украл 250 литри ракија, која била спакувана во пластични шишиња и буренца.
Обвинетиот насилно, со кршење на прозорското стакло влегол во подрумот, додека домаќинката била отсутна од дома. Со такси го превезол, препродал за пет илјади денари а на таксистот му подарил едно тубиче ракија. Стојанов кој бил градежен работник во домот на оштетената, дознал дека таа има ракија и ја украл по сега треба и да и ја плати.
Tweet |