Петар Печков
Објавено: недела, 08 мај 2011
Вчерашната сабота беше неуспешна за велешките екипи кои играа значајни натпревари од завршницата во одбојката и ракометот.
Машката екипа на Борец Брако совладана е со максимални 3:0 во Тетово од Шкендија. Женската екипа на Форшпед загуби со 3:1 од екипата на Форца при гостувањето во Скопје. Ова беа натпревари од финалето од разигрувањето за одбојкарски првам на Македонија. В среда се играат реваншите, и двата меча се во Велес а се игра на три добиени натпревари.
Се играше и завршницата на ракометниот женски куп во Скопје, каде во полуфиналето Леов Бартек катастрофално загуби од скопски Металург со 38:13.
Затоа пак ракометарите на Борец во петокот ја победија екипата на Кавадарци со 43:36, што е прва по цели седум и пол месеци на домашен терен. Но и натаму тие се последни на табелата и ќе разигруваат за опстанок во супер лигата. Затоа пак следната недела ќе играат во завршницата од купот во Битола, каде во полуфиналето се сретнуваат со домашниот Пелистер.
Tweet |