Петар Печков
Објавено: среда, 29 октомври 2014
Четворица жители на велешкото село Долно Караслари измамиле 11 емигранти бегалци од Сирија. Настанот се случил на 24 октомври.
Полицијата кратко информираше дека поднела кривични пријави за измама, додека од обвинителството најавија дека спроведуваат постапка против четири лица македонски државјани за,,измама,, и ,,лажно претставување,,.
Оштетени во предметот биле 11 државјани на Сирија кои минувале низ Македонија како емигранти, на пат кон Србија. Лицата кои го сториле делото се од село Долно Караслари, кое е близу автопатот Гевгелија – Куманово, и се на возраст од 21 до 34 години.
Tweet |