Петар Печков
Објавено: петок, 12 август 2016
Велешанецот Судохан Муаремов (31 год) доби 3,5 години затвор за тешка кражба, која ја извел како во акционите филмови. Имено, ноќта помеѓу 24 и 25 ноември 2014-та година, влегол во просториите на некогашниот Скопски импрес, каде сега има повеќе штандови за продажба на облека и обувки.
Судохан го раширил решетките од прозорот кој биле на таванот, го скршил прозорот апа со платнен ремен се спуштил до подот. Од неколку штанда земал стока, во вредност од 12 илјади денари, по што на ист начин излегол од просторијата. Но при кражбата обвинетиот направил грешка, која го чинела откривање и изрекување казна затвор.
Имено откако го скршил прозорот и се симнувал во просторијата, тој се пресекол а крвави дамки биле пронајдени на неколку парчиња блека. По извршените претраги на ДНК било констатирано дека тие се на Судохан Муаремов, под услов да нема еднојајчен близнак. Тој пред судот изјавил дека е невин и не ја сторил кражбата.
Бидејќи обвинетиот е осудуван неколку пати за истото дело, тешка кражба и се наоѓа на отслужување на казна затвор во Куманово, изречена му е казна од 3,5 години во согласност со Правилникот за одмерување на казните.
Tweet |