Петар Печков
Објавено: петок, 26 октомври 2012
По распишаниот конкурс за втор правобранител на подрачјето на Велес и Повардарието е избрана Борче Пинев, дипломиран правник. Тој од 2009-та работи во Државното првобранителство за Велес и на оваа раководна функција ќе биде заедно со досегашниот Петар Новевски.
Дипломираниот математичар Василка Ѓурчиновски е избрана за директор на ОУ Стојан Бурчевски Буридан од село Иванковци. Таа доаѓа на ова место по заминувањето на досегашниот Златко Јаневски кого летово го фати бранот промени. Ѓурчиновски и досега работеше во ова училиште како професор по математика.
Tweet |