Петар Печков
Објавено: вторник, 13 октомври 2026
Младиот велешанец Кристијан Смилев е победник на меѓународниот слалом натпревар ИКАС кој се веслаше на патеката Треска. Тој иако јуниор победи во конкуренција на 36 учесници, меѓу нив кајакари од Словенија, Грција, Србија, БиХ и еден од Канада Даниел Пери кој беше втор а трет беше исто така велешанец Стефан Рибарски.
На слалом патеката после подолг период, поради повреда се врати Ангелче Петрушев кој го зазеде 5-тото место. Ова беше 57 издание на една од најстарите спортски манифестации во Македонија, меѓународниот Илинденски кајак слалом – ИКАС.
Во неделата пак се возеше слалом трка, која се бодува за светската ранг листа. Победи Ангелче Петрушев а во финалето веслаа 12 кајакари, во елиминациите 33. Ова е втора таква трка која се весла на патеакта Матка.
| Tweet |




