речник контакт

Башиноселка ја потпалила трафостаницата во селото

Причинета минимална материјална штета а жената кривично ќе одговара оти ова и трет пат што оштетува инсталации на ЕВН ЕСМ

Петар Печков

СВР  Велес  поднесе кривична пријава против М.П (46) од  Башино село - велешко, поради основи за сомнение дека сторилa кривично дело „предизвикување општа опасност“ .

На  28.01.2013 година, пријавената незадоволна од нерешениот спор со ЕВН, во знак на револт купила едно литро  бензин и  го попрскала ѕидот на трафостаницата лоцирана во Башино село, по што со запалка предизвикала пожар. По кратко време пожарот бил локализиран без да предизвика  оштетувања на трафостаницата.

Инаку, и во изминатите години како резултат на овој спор со ЕВН, каде наводно и биле натпишани повеќе киловат часови,  од страна на пријавената, во два наврати има предизвикано оштетување на јавните инсталации на ЕВН, а за кој инкриминирани активности од страна на СВР Велес и се поднесени кривични пријави

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »