Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јули 2020
Во затворот во Идризово е регистриран првиот случај на позитивен со ковид-19,за велешаенц кој таму за служи затворската казна, веста за медиумите ја потврди директорот на оваа казнена институција Боби Мојсовски. Велешанецот бил дома за викенд, од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за ковид-19 кој бил позитивен. Резултатите ги добил денес.
Резултатите се позитивни, па изолирани се и двајцата негови цимери. Лицето работи како чистач рано наутро и има минимум контакти со други затвореници. Секој затвореник кога заминува на викенд, потпишува изјава дека дома ќе ги почитува мерките - изјави директорот Мојсовски за телевизија Телма.
Затворениците три месеци не биле пуштана дома се додека траеле вонредната состојба, но откако таа била укината и можност од бунт поради незадоволството на затворениците, тие, сукцесивно биле пуштани дома за викенд.
Во затворот Идризово казни отслужуваат 1 200 затвореници, а ова е прв случај на заразен со корона вирусот. Меѓу лицата затвореници кои се во изолација оти имале контакт со велешанецот се Ѓоко Поповски и Сеад Кочан, кои се осудени на долгогодишни казни.
Tweet |