Петар Печков
Објавено: среда, 24 јули 2013
Во понеделникот вечерта околу 19.30 часот на патот меѓу две велешки села Мамутчево и Иванковци биле нападнати седуммина илегалци, бегалци од Африка. Според СВР Велес седумте лица од различни држави од Африка ги пресретнало за нив непознато возило со зелена боја од кое излегле четири лица.
Едно од нив побарал да му ги дадат парите по што се заканил, извадил нож кој му го ставил на вратот на Ч.Ј. од Сиера Леоне. По ова преплашените илегалци ги собрале парите што ги имале и одземени им се 1.100 евра. Пред да заминат разбојниците ги натерале илегалците да легнат на земја, по што со автомобилот заминале во непознат правец со патничкото возило.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.
Tweet |