речник контакт

Во железничка несреќа настрадаа двајца браќа емигранти од Сирија

Несреќата се случила кај мостот на Тополка, на влезот во Велес

Петар Печков

Ноќеска, во пет минути по  1 часот по полноќ во железничка несреќа настрадаа двајца браќа емигранти.  Во нив удрил товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Табановце а несреќата се случила на  железничкиот мост на реката Тополка на влезот во Велес. Според полицијата  возот  удрил  две лица кои се движеле по пругата , при што на лице место истите починале.

Двајцата настрадани биле  браќа, сириски државјани  на возраст од 22 и 23 години. Од железница објаснуваат дека групата не била бројна, биел околу 5-6 лица, од кои 2 смртно настрадале од ударот на локомотивата. Соседите кои  живеат во близина, ниту слушнале, ниту знаеја за несреќата.

Сега разбравме дека ноќеска имало двајца настрадани на мостот. Жално е. Напуштиле, дом, куќа се што имаат и се упатиле во непознато. Тоа мора да е голема мака. Често ги гледаме по пругата, ќе ни мавнат со рака, ќе не поздрават и продолжуваат. Одат по пруга. Не бараат ништо, ниту направиле досега некој проблем.  Се повеќе има и млади, деца и жени.  – велат жителите од куќете лоцирани покрај пругата,  кај Манастирот Св. Димитрија.

Тие се сведоци како секојдневно река од бегалци од Блискиот исток минува низ Велес. Но освен што одат по железничката пруга Гевгелија – Куманово, тие почнаа да минуваат и низ градот.

Доаѓаат поединци, прашуваат за такси превоз до Куманово, колку пари. Влегуваат во продавница, купуваат исклучиво леб, сок и вода и тоа за повеќе лица. Останати се сокриени близу Железничка станица во Велес – вели таксист.

За две седмици  досега се случија пет железнички несреќи во кој настрадаа седумина бегалци од Блискиот исток. Имаше семејни трагедии кога брат почина пред очите на таткото и четирите малолетни сестри, настрада татко со едномесечно бебе кое го држел в раце и сега двајца браќа.

Директорот на МЖ транспорт  Оливер Дерковски при последниот ваков инцидент, во понеделникот во Велес,  информираше дека поради бројните жртви по македонските пруги, донесена е  одлука возовите кои сообраќаат на релацијата Куманово – Гевгелија да возат со намалена брзина.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »